Училиштето денесучебна 2003/04
Денес во нашето училиште постојат современи
услови за изведување на настава.
Условите за работа во новата зграда ги овозможија сите постигнати успеси како во гимназиското така и во стручното образование. Особено вниманието на сите вработени но и на самите ученици освен во едукативниот сегмент е свртено на воспитниот, редот, дисциплината и хигиената така да секој посетител може да согледа дека и покрај перманентната употреба на објектот во овие измината 15 години изгледа како нов а инвентарот не претрпе речиси никакви оштетувања. Целокупната воспитно -образовна
дејност на училиштето се изведува само претпладне и кабинетски по
скоро сите предмети.
Во оваа учебна година се запишани 16
паралелки кои се распоредени во две струки:
Со оглед на тоа што од оваа учебна година бројот на паралелките се зголеми заради воведувањето на новата паралелка во угостителски - туристичката струка како и реформите во гимназиското образование се усложнува проблемот со просторот и по повеќе предмети се наруши кабинетскиот начин на работа.Во нашиот училишен центар се изведува настава на македонски литературен јазик а работат вкупно 35 професори. Стручното и педагошко-психолошкото оспособување како и дидактичко-методското усовршување на наставниците за примена на современите методи на учење се главни активности на стручните активи. Во нашиот училишен центар постојат четири стручни активи: природно научен, општествено-хуманистички, јазичен и стручен и посебно стручен. Овие активи се занимаваат со стручни прашања, корелација на наставните содржини, изборот на учебници и дополнителна литература за учениците, изедначување на критериумите за оценување, разгледуваат прашања со воспитните компоненти на наставата и.т.н. Новиот концепт на гимназиско образование и имплементацијата на ФАРЕ програмата во ССО-угостителско туристичката струка налага поинаков пристап на наставничкиот кадар во планирањето и организацијата на наставниот час. Надградбата на наствникот е перманентна - самостојно(литература, споисанија, Интернет( како и прку организирани семинари. Во текот на учебната година наставниците се упатуваат на семинари кои се во организација на Бирото за развој и Министерството за образование. Да кажеме дека предходната учебна година беше рализиран проект на Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија „Креативна настава и учење „ и наставниот кадар беше обучен со нови техники за реализација на наставните програми. Овој проект ќе продлжи во текот на следните 2 години. Во контес на тоа се опреми и медиотека со 10 мултимедијални системи , фотокопир, графоскоп, телевизор и библиотека, така што наставниците имаат можност стручно да се надградуваат и усовршуваат . План до 2006 - Основа за еден ваков краткорочен план е интенцијата на менаџерскиот тим и целиот наставнички кадар да се продолжи со досегашниот тренд на успешност и афирмација за запишување поголем броју ученици во сите видови на образование. Бројот на паралелки постепено ќе се зголемува така да до 2006година тој ќе изнесува 18 паралалки. Покрај потребата од нов стручен кадар, овие состојби ја налагаат потребата за проширување на училиштето со најмалку 2 кабинети. Активности на овој план се започнати и се надеваме дека ќе се создадат услови за современа настава и за новите паралелки од УТС за IV степен. Нашето училиште не е ограничено само на редовна едукација во гимназиското и средното стручно образование туку е отворено за сите граѓани кои преку стручно оспособување за занаетчиски занимања од угостителската дејност можат да се вклучат на пазарот на трудот. Исто така можна е прквалификација на лица со завршено средно образование во занимањата келнер и готвач, а е можна и доквалификација на ученици кои од разни причини не го завршиле своето стручно образование. БЛАГОДАРИМЕ НА ТРПЕНИЕТО
Насловна |