Кратки  црти  од историјата  на

  ДСУ „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ „


Државното средно училиште „Наум Наумовски Борче„ својата работа ја започнало како училиште за општо образование од втор степен, создадено од Народниот одбор на општина Крушево од 06.05.1961 година и верифицирано од комисијата на Советот за просвета на НРМ и работеше во склоп на основното училиште „Никола Карев„  - Крушевo. Отворањето на ова училиште беше настан од посебно значење за градот и општината како и за целото население, кое беше живо заинтересирано за неговото нормално работење и постоење, бидејки за прв пат се отвора средно училиште во градот. За  таа  цел  во  првите  месеци  од  отварањето,  односно  кон  крајот  на  1961  година,  граѓаните-родителите   на учениците  запишани  во I  клас  учествуваа  во финансирањето  на  гимназијата.


ОУ "Никола Карев"

    Наставно  воспитната  работа  ја  изведуваа  5  редовни  професори,  а  гимназијата  работеше  во претпладневните  часови  и тоа  само  една  смена.  Во  оваа  учебна  1961/1962 година  е  отворена  професорска  и  ученичка  библиотека  со  418  книги.  Прв  директор  на  гимназијата  бил  Јорданоски  Петар.

    На  8  септември  1986  година во  12  часот  во чест  на  денот  на ослободувањето  на  Крушево (42 годишнината од ослободувањето)  беше даден во  употреба  новиот  објект  на  училишниот  центар.  Објектот  располага  со  15  кабинети,  функционални  канцеларии,  современи  санитарни  чворови  и  други  простории  со  2100м2 .  На  09.11.1986  година  во  7:30 часот   започна  првиот  час  во  новата   зграда  во  која  наставата   ќе се  води  исклучиво  кабинетски.

     Во  учебната  1976/77  година  за   прв  пат  во  први  клас  се запишаа  ученици  од  златарско-филигранската  струка.  Тоа  овозможи  да  се  превземат  мерки  од  страна  на  гимназијата  и  Собранието  на  општината   Крушево  да  единственото  училиште за  средно  насочено  образование(гимназијата),  прерасна  во училишен  центар  за  средно  образование  (УЦСО „Наум  Наумовски  Борче).

    Во  учебната  1979/80  година  училишниот  центар  е  веке  верифициран  за  уште  две  нови  насокои    за  потребата  на  стопанството   и   тоа:  брусачи  на  скапоцени  и  полускапоцени  камења  и  наска  по  угостителство.  За  брусачите  е   склучена  самоуправна  спогодба  со  фабриката  „Корунд„  при ООЗТ „Нико Доага„ -  Крушево,  а  за  угостителите  со  АД „Илинден„ - Крушево.   И  со  двете  спогодби  меѓу другото се регулира  вработувањето  на  сите  ученици  со  завршено  средно  образование.
Отварањето на новата гимназија


     Учебната  1980/81 година  е  оформена  паралелка  за  дрводелска  насока,  поточно  за  изработување  на   сувенири  од  дрво  и  дрвна  галантерија.  На  22.09  учениците   од  IV  клас  зедоа  учество  во  снимањето  на  филмот  „Илинден„.

    Во  учебната  1982/1983  година  почнал  да  се  применува  новиот  концепт  на  насочено  средно  образование  и  во  прва  година  учениците  се  запишани  по  изборна  програма  што  претставува  соодветно  насочување  кон  определената  струка.  Исто  така  сите  ученици  од  I  година  се  определиле  за  факултативна  настава  по  следниве  предмети:  биологија,  хемија,  математика,  физика,  македонски  јазик,  француски  јазик,  историја  и  физичко  образование.  Наставата  се  изведува  наизменично,  една  недела  претпладне,  една  недела  попладне  во  смени  со  ЦОУ „Никола  Карев„.

    Во  учебната  1992/1993  година    насочената   гимназија  преминува  во  општа  гимназија  и  со  наставниот  план  се  застапени  сите  предметии  за  гимназиско  образование  и  угостителско - туристичка  струка.

    Во  учебната  2001/2002  година  се  карактеризира  со реформираното  гимназиско  образование.  Четири  паралелки од  I и  II  година  се  опфатени  со  новата  програма.  Оваа  година  гимназијата  ги  понуди  четирите  насоки:  Општествено - хуманистичка,  Природни  науки  и  математика  и  две  угостителски  насоки (келнер  и  кувар).

    Во  учебната  2002/2003  година  реформираното  гимназиско  образование е  надополнето  покрај  со  споменативе  четири  насоки  со  уште  една  нова  насока(Хотелско - туристички  техничар).


    БЛАГОДАРИМЕ НА ТРПЕНИЕТО


      




Насловна                                                  Училиштето денес