Гимназиско образование



    Гимназиите во Република Македонија отсекогаш имале многу значајна улога во подготвувањето на младите за продолжување на школувањето и оспособување стручни и научни кадри во многу подрачја.  Нивниот придонес има големо значење за развојот на нашата земја.

    Во нашиот училишен центар е застапено гимназиско образование во IV година - општа гимназија  по Наставен план од 1991/92 година, како и реформирано гимназиско образование во I , II и  III година по Наставен план од 2001/02 година.

 Реформираното гимназиско образование се темели врз следните принципи:
 Наставнот план и програмите на гимназиското образование имаат општообразовен карактер и се надоврзуваат на знаењата и вештините кои ги усвоиле учениците во основното училиште. Гимназиското образование трае четири години, така што школувањето на учениците се заокружува со полагање на матура. Наставниот план за гимназиско образование е обликуван со задолжителни предмети и изборни предмети, задолжителни изборни програми и содржини за спорт, спортски активности, музичка уметност, ликовна уметност и задолжителни изборни содржини и активности.

    Во нашата гимназија е организирана наства во  две изборни подрачја општествено- хуманистичко  и природно - математичко и тоа на следниов начин

Предмети
Година на образование

Стандарди


Задолжителни предмети
Неделен фонд на часови

     I              II               III              IV       





општ  



за матура
Македонски јазик и литература
4
4
4
4 556
556
Математика
3
3
3
3
417
417
Прв европски јазик
3
3
3
3
417
417
Втор европски јазик
2
2
2
2
278
278
Историја
2
2
2

216
216
Географија
2
2


144
216
Биологија
2
2
2

216
216
Физика
2
2
2

216
216
Хемија
2
2
2

216
216
Социологија

2


72
165
Филозофија



3
93
165
Информатика
2



72

Вкупно од задолжителните предмети
24-26
24-26
20-22
15-17


Часови за изборни предмети
2-3
3-5
до 8
до 10
778-886

Вкупно (задолжителни  и  изборни  предмети)
24-27
25-29
25-29
23-27
3407-3897

Задолжителни  и  изборни  програми и содржини


Спорт и спотски активности
3
3
3
3
417

Музичка уметност
1
2


108

Ликовна  уметност
2
1


108

Изборни содржини
(2)70
(2)70
(2)70
(2)70
280

Вкупно часови
8
8
5
5
905





    Во општествено - хуманистичко  подрачје задолжителен изборен предмет во  II година е етика,  а во природно - математичкото подрачје е информатичка технологија. 
    Во трета година во општествено - хуманистичкото подрачје учениците се определени во две изборни под групи:
        - А
           социологија(2), вовед во право(2), латински јазик(2);
        - Б
            социологија(2), етика(2), педагогија(2);
    Во природно - математичкото подрачје учениците се определени во две изборни подгрупи:
        - А
            алгебра(3), линеарна алгебра и аналитичка геометрија(3);
        - Б
            програмски јазици(2), географија(2), латински јазик(2);   





Во рамките на задолжителните изборни содржини и активности учениците изработуваат проекти во соработка со институции и лица од општината преку кои учениците усвојуваат знаења и способности со што ги задоволуваат нивните индивидуални желби и ги надградуваат нивните вредности и определби во животот. Во училиштето се реализираат задолжителни содржини и активности во I година: Граѓанска култура и Здраствено образование, а во II година: Култура за заштита, одбрана, мир и толеранција и Урбана култура.

   

Насловна