ЗА НАС - KR-LINUX







       „ Не вообразувајте дека еден човек може да биде многу различен од друг. Вистината е: предноста ја има оној што е образуван во подобро училиште.„

Тукидид, 400 год. п.н.е.




А ние би рекле : Вистината е: предноста ја има оној што е образуван во училиште што има подобра опременост со нагледни сретства.


Што е Kr-Linux?

KR-LINUX  е група од ученици при  ДСУ „НАУМ НАУМОВСКИ - БОРЧЕ„ во Крушево. Создадена е во месец Ноември 2002 година . Работи во рамките на информатичката секција при ова училиште.

Кој е заслужен за нејзиното постоење?

 Најголема заслуга има г-динот Heinz Spiess од Швајцарија. Тој е донатор на опремата во linux  кабинетот . (овде...)

Што работи моментално?

Работи во КДЕ околината на Linux, за која сметаме дека е за човек со искуство од Windows може лесно да се снајде, бидејки постојат слични елементи прозори, менија, основни алатки, desktop и.т.н. Го проучува фајл-системот,графичката програма Gimp, текст едиторот Kate, канцеларискиот пакет OpenOffice.org ,  Composer-отво Mozilla во кој моментално работи на изработка на web страната за училиштето и други активности.

Најзина основна цел?

  •  да го изучува оперативниот систем Linux,  повикувајќи се на сознанијата и искуствата на други linux-корисници 

  • да го изучува и применува OpenOffice.org во наставата и надвор од неа

  • да проучува и применува секаков софтвер под овој оперативен систем

  • да развива вештини за самостојно здобивање на знаења

  • да го применува стекнатото знаење и да го пренесува на други.


    Да не го губи залудно своето време и енергија ентузијастот  мора да биде храбар, за да го промени она што може да се промени, да има сила да издржи  во тоа што не може да го промени и да има мудрост да ги разликува тие две работи.

    Вложуваме огромна енергија во она што мислиме дека можеме да го совладаме, што за нас е ново и непознато, во она во што веруваме дека можеме да го поправиме .

    Web страницата на нашето училиште е проект кој го изработува тимот на Linux -групата. Секој од нас учествува во изработката на скоро сите страници а постојат и страници кои носат индивидуален печат на својот креатор.


    Ученици кои учествуваат во изработката на web-страната за нашето училиште се Аџиоски Иле, Илиевски Никола, Павлоски Михајло,Тинтар Христијан  со целосна подршка на професорката по информатика Фаница Николоска.

    Посебна благодарност им искажуваме на нашите соработници кои не помагаа со материјал со што на сајтот му дадовме информативен карактер, како и на Арангел Ангов и Слободен софтвер - Македонија за техничката поддршка.






Насловна