СОРАБОТКА



    Во периодот од 28.април - 01.мај 2002 год. делегација од Gemeinden Gemeinsam, Regionalkomitee Biel/Seeland (GGBS), Switzerland беше во посета на Крушево. Тогаш беше посетено и нашето училиште од страна на координаторот на проектот "School/Education"- Switzerland, Heinz Spiess.

 

  Од разговорот помеѓу тогашниот координатор на нашето училиште Коста Прешоски, професорката по информатика Фаница Николоска и г-динот Heinz Spiess, на иницијатива на гостинот беше прифатена идејата за изучување на LINUXоперативниот систем во рамките на слободните активности на информатичката секција.

    Идејата стана реалност кога на 25.октомври беше испорачана комлетна опрема со LINUX оперативен систем која на 19.Ноември пристигна во нашето училиште. Така нашето училиште се здоби со уште еден кабинет - LINUX кабинет, со пет персонални компјутери, еден ласерски печатач и опрема за мрежа. Беше планирано после доаѓањето на опремата г-динот Heinz Spiess да одржи курс за обука на наставници и ученици кои ќе ја користат опремата, но заради појавата на технички проблеми околу испораката на опремата односно царинските регулативи г-нот Heinz Spiess не беше во можност да го оствари тоа. Тој преку интернет пронајде Слободен софтвер, поточно Арангел Ангов кој несебично дојде во Крушево и заедно со г-дин Heinz Spiess ја инсталираа опремата.Така ние стапивме во контакт со членови на Слободен софтвер - Македонија.

    Една недела после тоа Арангел и неговиот другар Дарко Стојчев беа повторно кај нас, но сега со единстена цел да одржат курс за Linux. Курсот траеше три дена и додека Арангел не обучуваше Дарко ја воспостави мрежата, односно ги поврза компјутерите од кабинетот по информатика кои се под WINDOWS и оние во LINUX-кабинетот сите на ист сервер (PC-100Mhz, 32MBRAM, 1.2GBHDD под WindowsNT 4.0)  да користат интернет.







насловна