Покрај задолжителните часови, учениците можат да
учествуваат и на некои од слободните активности организирани во нашето училиште.
Овие активности претежно се одржуваат после часовите во работните денови
или пак за време на викендите. Ваквите часови вклучуваат едукација на учениците
од областа на природните и општествените науки, спортот, компјутерите
итн. |
Така редовно
се одржуваат часови кои ги запознаваат учениците со светот на компјутерите.
На овие часови се стекнуваат знаења за развојот на технологијата и компјутеризацијата,
кои не се предвидени во редовната настава. Се изучуваат теми од областа
на мултимедијата, програмирањето, а посебно внимание се обрнува на проучување
на интернет мрежата. |
Спортските
активности се исто така важен дел во ваквиот начин на бразование. Особено голема заинтересираност има за одбојката. Во овој спорт, екипата на нашето училиште, има совоено повеќе трофеи на меѓуучилишни натпревари. Доколку постои интерес и средства, во иднина можно е и организирање на екипи во другите спортови како фудбал, кошарка итн. Не смееме а да не ги спомнеме нашите нордиски скијачи кои ја преставуваат нашата држава во светот. |
Во слободните
часови место зафаќаати оние по музичко образование, односно училишниот
хор кој настапува во посебни пригоди како на пример државни празници. |
Нашето
училиште е посебно гордо на училишниот весник
кој започна да се печати во почетокот на учебната година. Сега тој излегува
редовно, на секои две недели и да се надеваме дека добро ќе напредува.
Училишниот весник содржи претежно забавни содржини кои се пишувани исклучиво
од учениците. |
И нашата
Линукс група зазема место во овие активности. |